ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за формирање јавно претпријатие за управување со колекторот на Охридското Езеро, што е почеток на крајот на долгата агонија на претпријатието „Проаква“, кое досега беше задолжено за неговата изградба и одржување.

48407302 2475502109143481 1322398530400157696 n

 

За ова ново претпријатие да даде резултат, потребен е соодветен буџет за доизградба и поправка на оштетените места на колекторот. Токму затоа пратеничките од ДОМ имаа предложено амандман на Буџетот, со 11 милиони евра за оваа намена, според изготвена проектна документација.

Ако пак, се планира добивање средства од донатори, тогаш повторно државата треба да има обезбедено барем дел од потребната сума во посебна ставка, како свое сопствено учество и како доказ дека колекторот го смета за свој приоритет.

Затоа уште еднаш апелираме до Владата да направи измени во Буџетот пред неговото поднесување на пленарна собраниска седница, со кои ќе одвои дополнителни средства за колекторот на Охридско Езеро, пречистителната станица за Дојранско Езеро, како и за програмата против загадувањето на воздухот

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета