ДОМ изразува големо разочарување што Министерството за финансии не ги прифати амандманите поднесени од пратеничките на ДОМ за дополнителни 34 милиони евра за почист воздух, колекторот за Охридско Езеро и пречистителната станица за Дојранско Езеро.

7. DOM ZNAME

 

Министерството за финансии пропушти да го „нормализира“ скромниот буџет за животната средина токму во деновите на енормна загаденост на македонските градови Скопје, Тетово и Битола, кои се „прославија“ со првите позиции по загаденост во светот!

Упатуваме апел до Владата, да ги уважи аргументите на екологистите и да излезе во пресрет на барањата на граѓаните за пристоен буџет за ефикасна борба со загадувањето. Бараме да ја искористи можноста за последна интервенција во Буџетот пред неговото носење на пленарна сесија и од други ставки, да префрли средства на ставката „Програма за намалување на аерозагадувањето“, за која во моментов се одвоени само 1,6 милиони евра!

Така ќе покажеме дека заштитата на животната средина е наш стратешки приоритет и ќе овозможиме дополнителни средства од донаторите.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета