GMO Organic

ДОМ остро реагира на најавените измени на Законот за безбедност на храна, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел овозможување на производство, ставање во промет и увоз во Република Македонија на ГМО храна. Повторно апелираме за неопходноста од широка јавна дебата на оваа тема, со вклучување на сите засегнати страни. Сметаме дека во услови кога во нашата држава не постои акредитирана лабораторија во која ќе се контролира концентрацијата на ГМО во храната, отворањето на врата за ГМО храна, не е во интерес на пошироката јавност.

ГМО е една од најконтроверзните теми на денешницата. Се водат жестоки битки на глобално ниво, на милиони ЗА и ПРОТИВ! Сите зелени активисти во светот се активно ПРОТИВ. И во Зелениот манифест усвоен минатиот месец, на Собранието на Европските зелени, како еден од главните приоритети се наведува производството на квалитетна, локална храна, без ГМО и пестициди. Како зелена партија водевме отворена и успешна кампања ПРОТИВ ГМО храната во изминатите години и нашиот став е непроменет.

Иако во научната фела сеуште се водат спротивставени дебати за безбедноста на ГМО храната, неспорна е потребата од дополнителни студии, кои би се спроведувале во подолг временски период и би биле финансирани од независни институции, а не од компаниите кои произведуваат ГМО храна. ГМО по дефиниција доведуваат до големи монокултури и индустриско земјоделство и сточарство. Тие се во основата на многу проблеми во системот на храна и земјоделство: загадување од пестициди, намалување на бројот на фарми и земјоделци, ниски цени на земјоделските производи, страдање на животните, глобално затоплување, исцрпување на ресурсите во почвата, колапс на екосистемите (со значително намалување на бројот на инсекти и птици).

Изминатите три децении покажаа дека ГМО храната не ја исполни целта за намалување на гладта на глобално ниво. Денес, преку 800 милиони луѓе се соочуваат со глад, а истовремено една третина од произведената храна, се губи или завршува како отпад, што е доволно да се нахранат сите гладни луѓе во светот.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета