На 29 Собрание на Европските зелени, кое се одржа од 23 до 25 ноември, во Берлин, европратеникот од холандската зелена партија , Бас Еикхоут искажа јасна поддршка за интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската Унија. “Европските зелени остануваат доследни на ставот за понатамошно проширување на ЕУ, со фокус на приоритетот за интеграција на државите од Западен Балкан, преку исполнување на Копенхагенските критериуми”-истакна тој. Бас Еикхоут и Ска Келер-европратеничка од германските Зелени, беа избрани за лидери на кампањата на Европската зелена партија за европските парламентарни избори, кои ќе се одржат во мај 2019 година.

6. DOM ZNAME

 

На Собранието беше усвоен зелениот Манифест, во кој се содржани главните приоритети на Зелените за следната година:

  1. Борба против климатските промени, со напуштање на јагленот, промоција на енергетската ефикасност и транзиција кон 100% обновливи извори на енергија.
  2. Инвестирање само во Зелена економија, истражувања и иновации.
  3. Гарантиран пристоен минимален приход во земјите членки.
  4. Почитување на владеење на правото и фундаменталните права, поголема транспарентност и борба против корупцијата.
  5. Одбрана на правото на азил и овозможување легални и безбедни канали на миграција.
  6. Возовите- реална алтернатива на авионите во Европа.
  7. Заштита на здравјето на граѓаните преку борба против загадувањето на воздухот и водата и стопирање на пластичниот отпад.
  8. Производство на квалитетна, локална храна, без ГМО и пестициди, фармерство без суровост кон животните.
  9. Гарантиран слободен пристап до квалитетно образование, фер платено стажирање и добри работни места за младите.
  10. Борба за праведно оданочување, веднаш.
  11. Борба за феминистичка Европа, против родово базирано насилство и за еднакви права за сите.
  12. Стопирање на извоз на оружје за диктатори и завојувани страни и поттикнување на развој.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета