Делегација на ДОМ, во состав Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Ервин Реџепагиќ и Емил Крстески, учествува на 29 Собрание на европските зелени, во Берлин.

Посебен акцент се става на заедничкото решавање на еколошките и социјалните проблеми, кои како што беше кажано, се две страни на една иста паричка.

berlin

 

На Собранието се дискутира и за климатските промени, демократија, владеење на правото, човековите права, слободи и солидарност. Само со истовремено имплементирање на овие меѓусебно тесно поврзани зелени вредности може да се обезбеди иднината на следните генерации и планетата Земја. Во денешниот глобален свет, ниту една земја не е доволно голема, сама да се справува со проблемите. Единствено заедничкото делување со поглед кон иднината, води кон реализирање на Целите на одржливиот развој.

Европските зелени се фокусираат на претстојните европски парламентарни избори во 2019 година. Се очекува продолжување на ″зелениот бран″ на одлични изборни резултати на Зелените.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета