Во Виена од 8-ми до 10-ти ноември се одржува конференција по 14-ти пат на зелените локални советници од Централна Европа и Западен Балкан, на која учествува и делегација на ДОМ во состав: Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска и Христа Најданов.

thumbnail 1

Главна тема на оваа Тркалезна маса, на која ќе дебатираат 50-тина учесници од 14 земји, е европската солидарност. На конференцијата ќе се разговара за улогата на граѓанското општество во борбата против корупцијата, како и за различни еколошки и социјални теми. Свои презентации за актуелната политичка состојба во Македонија и за враќањето на земјата кон владеење на правото и борбата против корупцијата, како и значењето на европската солидарност за нас, ќе имаат и претставниците од ДОМ.    

Во рамките на конференцијата се организира и работилница за “Мобилизација на жените во Европа”.

Демократијата, владеењето на правото, борбата против корупцијата, почитувањето на човековите права и слободи, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и солидарноста, сe фундаментални европски зелени вредности.          

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета