ДОМ Фотографија 1

На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ беше донесена одлука со која се утврдува 28 октомври 2018 година како датум за одржување на редовниот Четврти конгрес на партијата.

Се водеше сметка терминот да не се поклопи со евентуалното одржување на предвремени парламентарни избори, кои се најавени за крајот на ноември или декември.

Подготовките за Конгресот на големо течат, откако на 11 септември оваа година беше објавен јавен повик за кандидирање за носители на највисоките партиски функции. Во моментов е во тек внатрепартиското предлагање кандидати по општинските организации.

На седницата, претседателката Лилјана Поповска ги замоли колегите да не ја предлагаат, затоа што останува на својот став, искажан уште на претходниот конгрес пред четири години, а повторен повеќе пати во изминатиот период, дека тоа ќе биде нејзин трет и последен мандат на таа позиција.

Денеска, ДОМ е стабилна партија со јасно профилирана зелена опција, полноправна членка на Европските Зелени. Заокружен е циклусот од иницијатива, преку изградба на структура и идеолошко профилирање, до меѓународно вмрежување. ДОМ има изградено одлични кадри, искрено посветени на зелената идеологија, кои низ демократска процедура ќе изберат ново раководство, спремно да се носи со сите предизвици.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета