Ana Petrovska Belgrad Konferencija 1

Државниот секретар од Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, од 17-19 септември учествува на конференција „Разбирање на ризиците на Балканот“. Конференцијата е организирана од страна на Светска банка и Владата на Република Србија, со финансиска поддршка на Европската Унија и Глобалниот Фонд за намалување на ризиците за настанување на катастрофи.

Конференцијата ја следат преку 300 учесници од балканските земји и од ЕУ. Од Македонија учествуваат и претставници од Министерството за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставници од приватниот сектор.

Ana Petrovska Belgrad Konferencija 2

Темите на Конференцијата се во насока на информирање за најновите технологии за рано откривање на ризиците за настанување на катастрофи и за процена и справување по нивно настанување; регионална соработка; вклучување на локалните заедници во превенција и санирање на штети од катастрофи; економски инструменти и производи за осигурување од штети; вградување на аспектите на климатските промени во планирањето, изведбата и одржувањето на патната инфраструктура, итн. Особено е важно да се разменат информации за подготвеноста на државите за превенција и справување со катастрофи, како и можните заеднички активности.

фото и текст: Министерство за животна средина и просторно планирање

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета