ДОМ знаме

ДОМ го објавува овој јавен оглас врз основа на чл.31 став 3 од Статутот на ДОМ, и одлуката на Централниот одбор на ДОМ од 01.09.2018 година, според која Четвртиот конгрес на ДОМ треба да се одржи во месец декември 2018 година.

ДОМ ги повикува членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот.

Од заинтересираните кандидати се очекува да ги исполнат следниве критериуми:

- да ги споделуваат вредностите на зелената идеологија;

- да ги прифаќаат програмските определби на ДОМ;

- да бидат личности со интегритет, почитувани во својата средина;

- да имаат придонес за развој на зелената идеја преку ДОМ;

- да поседуваат стручност и разбирање на политичките процеси.

При конечниот избор ќе се води сметка за родовиот баланс и за застапеноста на различни возрасни групи, со акцент на младите.

Заинтересираните кандидати може да се пријават во своите општински организации најдоцна до 05.10.2018 година.

Контакт телефони за подетални информации: 02 5 112 900 и 076 311 601.

Демократска обнова на Македонија - ДОМ

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета