Фотографија Рудник

ДОМ изразува големо разочарување од текот на собраниската седница на која беше ставен Законот за минерални суровини. Наместо поддршка на благороден закон кој ја штити животната средина и здравјето на граѓаните, се случи тивок бојкот од страна на поединечни пратеници. Само тие си ја знаат причината за тоа.

Поминаа девет месеци од поднесувањето на Законот од страна на 11 пратеници со различна политичка припадност: Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници - Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ. По јавната дебата во Собранието со присуство на сите заинтересирани страни, по безброј дебати на медиуми и собири, по вградување на амандмански измени според заклучоците на собраниската комисија за економија, Законот беше спремен за гласање. Во целиот овој процес постоеше соработка и недвосмислена поддршка за Законот од СДСМ и коалицијата, како и од над 40 граѓански еколошки организации и иницијативи.

Да потсетиме, со законот се предлага забрана на употреба на цијаниди и сулфурна киселина при флотација или лужење во нови рудници од отворен коп. Ова не ги засега постоечките рудници. Се бара и депонирана финансиска гаранција од идните концесионери во случај на еколошки катастрофи, како и јасно наведување на постапката во техничко-технолошки елаборат. Дополнително, се предлага продолжување на рокот за одговор од локалната самоуправа и државните институции од 15 на 60, односно 30 дена, заради поголема транспарентност.

Ние остануваме убедени дека Република Македонија треба да води сериозна грижа за заштита на животната средина и да им се придружи на земји како Германија, Чешка, Унгарија, кои ја имаат донесено забраната.

Затоа ги повикуваме колегите од Собранието на Република Македонија што поскоро да го изгласаме Законот за минерални суровини, во интерес на сите граѓани, независно од партиска, етничка или верска припадност. За здравје се работи, за здрав и квалитетен живот! Само при повторно ставање на дневен ред, ќе се види ДАЛИ и КОЈ колега има ПРОТИВ овие еколошки стандарди!

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета