Љупчо интервју слика бр.1

Со што Македонија може да биде атрактивна и што интересно, посебно, необично можеме да им го понудиме на туристите за да дојдат да ја посетат нашата земја?

Примарни и најатрактивни туристички дестинации се Охрид и Скопје. Овие два региона нудат различни туристички содржини параглајдеринг, нуркање, алпинизам, кајакартсво, уживање во кулинарски специјалитети, прошетки, посета на музеи, шопинг…. Но, во последно време се повеќе се посетени националните паркови, винските региони, руралните предели и села со автентична македонска архитектура. Се повеќе туристи ги посетуваат и културните манифестации низ земјава: Галичка свадба, Вевчански карневал, Фестивал на виното и Тиквешкиот гроздобер, Охридско лето, Водици, Скопје џез фестивал и др. Македонија е идеален избор за љубителите на екстремните спортови жедни за авантура и многу адреналин. Исто така тука се и активните форми на туризам, кајак, параглајдеринг змајарство, нуркање, спелеологија кои може да се практикуваат низ локации во Македонија на безбеден начин.

Со оглед на фактот дека најголем дел од туристите ги посетуваат Скопје и Охрид, што ќе направите за да го развиете туризмот во руралните подрачја?

Сите подрачја во Македонија имаат потенцијал, меѓутоа во Скопскиот и Охридскиот регион има најмногу ноќевања и посети, околу 60 до 65% од вкупниот број. Но, тоа не значи и дека останатите не можат да привлечат туристи, меѓутоа тоа што може да го понудат е дијаметрално поразлично од лежалки и плажа. Токму тоа Шестете региони или две третини од Македонија имаат идеални услови за рурален туризам, што не значи дека останатите два региона не можат да го понудат истото. Концентрирањето на туристите ќе овозможи нови туристички содржини и атракции во руралните делови. Сведоци сме дека градот Охрид нема слободно место, токму тоа би требало да е добра прилика и провокација туристичкиот сектор да ги отвори своите куќи во селата и руралните средини околу Охрид и да им понуди еднодневни или повеќедневни прошетки со вински дегустации, локално производена храна што би привлекло многу повеќе туристи и би генерирало многу повеќе средства во буџетот на општините и на државата. Руралниот туризам е дијаметрално различен од масовниот туризам и истиот генерира околу 70% повеќе средства вон пансионски, што директно влијае на локалниот економски развој. Агенцијата за туризам активно работи на развивање на руралниот туризам, но за жал тоа што го имаме на терен не секогаш соодветствува со тоа што ние го презентираме. Од друга страна, слабата едукација на луѓето кои работат во руралниот туризам овозможува несоодветна услуга и се базира само на природните убавини и ресурси. Подигањето на свеста и обуките се потребни веднаш се со цел да имаме поголем број на капацитети во руралните средини и тоа да влијае директно врз локалниот економски развој и отворањето на нови работни места. Само на тој начин ќе овозможиме одржливост во руралниот туризам.

Дали во Македонија има доволно и квалитетни сместувачки капацитети и дали се планира изградба на нови и проширување и подобрување на постојните?

Последниве неколку години во Македонија се појавија звучни имиња во хотелската индустрија и се изградија атрактивни капацитети од светски калибар, како што се-Marriott, Ibis, Ramada, Doubletree by Hilton. Скопје, како главен град е се повеќе посетен од туристи кои преферираат ““city break, атрактивен по повеќе основи, бизнис патувања, спортски настани, манифестации и фестивали и др. Руралниот туризам со своите елементи е многупати помоќен отколку масовниот туризам, поради неговата одржливост. Капацитетите кои што ги нуди Македонија, како и можностите и перспективите во развивање на руралниот туризам се многу значајни што побрзо истите да бидат имплементирани на терен. Зајакнување на капацитетите во руралните средини, овозможување на субвенционирање на престојот на туристите во руралните средини и исто така државна помош со меки и тврди мерки кога се во прашање руралните средини, како и градење на довербата меѓу луѓето и државата ќе овозможи брз раст и развој на руралниот туризам. Исто така потребни се и обуки, практики и искуства кои треба да ги генерираме од регионот и Европа.

Љупчо интервју слика бр.2

Колкав е ефектот врз туризмот од посетата на меѓународни туристички саеми. Дали истиот може да се изрази во бројки?

Резултатите од досегашното работење направија македонскиот туристички производ да стане конкурентен на светскиот пазар, а со тоа и да се зголеми туристичкиот промет во државава. АППТ водејќи се од својата заложба за континуиран развој, унапредување и афирмација на туризмот, а имајќи ги предвид предностите и економската корист од развојот на оваа индустрија, инвестира и работи на реализација на програмски активности за да овозможи подобра и поефикасна туристичка понуда. Не се само меѓународните туристички саеми, АППТ спроведува и реализира други програмски активности. Во период од 6 месеци, АППТ реализираше 9 интернационални саемски манифестации, со рекорден број на тур-оператори. Следи заедничка работа, размена на информации, искуства, се прават дополнителни анализи и истражувања за проширување на туристичките пазари. Целта на ваквото претставување е да се поддржи приватниот сектор преку остварување на иницијален контакт од наша страна со странски тур-операторите, кои потоа на наша покана доаѓаат на посета во Македонија каде присуствуваат на Б2Б средби. Дополнително, за време на саемите се договорено 10 информативни патувања со тур-оператори од 10 различни држави од светот. На овие патувања, во Македонија дојдоа 40 тур-оператори и 10 медиумски куќи, кои од посетата испродуцираа 18 објави.
Согласно годишната програма за 2018та година, Агенцијата за туризам е во процес на реализација на медиумска кампања во 12 земји: Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Хрватска, Полска, Романија, Шведска, Естонија, Израел и Турција. Резултатите кон кои целиме се задржување и зголемување на бројот на туристи од овие туристички пазар. АППТ воедно лансираше и нова едиција на водичи кои ќе придонесат за поквалитетна промоција на туристичките потенцијали на Македонија со отпечатен тираж во 36.000 примероци. Водичите ги опфаќаат регионите, манастирите, препознатливите производи, локалитети, објекти и настани во Македонија, како и отоманските споменици во земјава. АППТ изработи и Македонски туристички пасош кој е во форма на брошура, дополнет со мобилна апликација во која може да се најдат корисни информации за туристичките потенцијали на Македонија. Помеѓу промотивните материјали е и брошурата за храната и виното во Македонија, односно “Сторѕ теллинг” брошура. Овој цели кон изработка на гастрономски водич кој ќе ја претстави македонската кујна преку искуства, локални специјалитети и промоција на традиционални рецепти за гастрономијата во Македонија. Во подготовка на издавање е и генерална брошура за туризмот во Република Македонија – “Македонија, неоткриено туристичко богатство”.

Љупчо интервју слика бр.3

Секако неизбежно прашање е проблемот со хигиената од која туристите не се воодушевени. Што ќе направите за да се реши овој проблем?
Проблемот реално постои и континуирано се провлекува без акциски план за истиот да се реши. Но тука се работи и за еколошка свест на населението, кога би успеале да го исчистиме ѓубрето во сопствениот двор би го исчистиле и на територија на цела Македонија.

Кои се вашите очекувања за годинава и на кои активности ќе се фокусирате?

Во 2017 година регистриран е континуиран раст на бројот на странски туристи, кој без малку достигнува до 1 милион туристи со остварени 2.800.000 ноќевања. Овој позитивен тренд продолжува и во 2018 година и во првите 6 месеци се регистрира покачување од 16,4% во бројот на турист во споредба со истиот период во 2017 година. Процентот на пораст е ист и кога станува збор за ноќевања, односно првото шестмесечје од оваа година има пораст од 16%. Порастот во бројот на туристи и ноќевања се одрази и во пораст на девизниот прилив од ставка туризам. НБРМ за првиот квартал од 2018 година регистрира пораст на девизниот прилив од туризам од 26,5%, споредено со истиот период лани. Очекувањата на АППТ за 2018 година се бројот на туристи да достигне до 1,2 милиони, 3,2 милиони ноќевања и девизен прилив до 24. 000.000.000 денари.

(А.С.)

извор: vecer.press

 

 

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета