delcevo 768x679

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, оствари работна средба со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски.

На средбата се разговараше за повеќе теми поврзани со унапредување на заштитата на животната средина. Меѓу другото се зборуваше за потребата од спроведување кампања за подигање на јавната свест во врска со регионалниот систем за управување со отпад што ќе се воспостави со проектот на МЖСПП и ЕУ проектиран во рамки на ИПА-програмата. Во областа на водоснабдување, се потенцираше важноста од замена на азбестните цевки во општината и потребата државата да се вклучи во постапувањето со азбестниот отпад. Исто така, градоначалникот информираше за неодамнешниот помор на риби во реката Брегалница и за спроведениот инспекциски надзор. Иако резултатите од испитувањата на мострите сè уште не се готови, се очекува утврдување на причината и виновникот и негово соодветно санкционирање.

Средбата се реализираше во пресрет на одржувањето на бизнис-форумот во Делчево.

Бизнис-форумот е организиран во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ со цел да се претстават можностите за развој и инвестиции што ги нуди Делчево, како и перспективите за развој на општината. На форумот се слушнаа и предлозите од бизнис-секторот со кои можат да се дореализираат почнатите проекти и да се создадат нови.

Извор: Макфакс https://makfax.com.mk/

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета