“ДОМ е на иста страна во борбата на екологистите за прогласување мораториум за градење во Охридскиот регион. Препораката бр. 6 од Извештајот на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од април 2017, укажува на потребата од прогласување мораториум за градежни активности во рамките на доброто до донесување на потребните планови. 

LIK 3239 1

 Мораториумот е една од 19-те препораки на УНЕСКО кои Македонија треба да ги реализира за да Охридскиот регион не биде ставен на Листата на светско природно и културно наследство во опасност. Охридскиот регион е едно од само 35-те природни и културни наследства во светот, заштитени од УНЕСКО”-истакнува Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ и координаторка на неформалната парламентарна група “Пратеници-пријатели на УНЕСКО”.

Комисијата за култура во Собранието на Република Македонија, чија претседателка е пратеничката Ирена Стефоска, спроведе надзорна расправа на тема “Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство”. Во текот на трите продолженија на расправата учествуваа претставници од надлежните институции, граѓанските организации и експерти од соодветната област. Врз основа на исказите на сведоците и добиените документи, Комисијата за култура усвои 24 заклучоци со укажувања и препораки до сите надлежни институции, со цел реализирање на сите 19 препораки од УНЕСКО и зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство.

Во јуни оваа година, во Охрид, ДОМ во соработка со Зелениот институт и Биро де Хелинг, одржа конференција на тема “4 сезони екотуризам во Охридскиот регион”. Заклучоците од конференцијата ја истакнаа потребата од спроведување на препораките на УНЕСКО и стратегија за развој на одржлив екотуризам, кој се грижи за природното и културното наследство, наместо развој на масовен туризам.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета