Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, на прес конференција одговори на невистините и манипулациите изречени од претставник на рударскиот сектор во врска со измените на Законот за минерални суровини.

Поповска изјава 23.07.2018

„Прво, не е точно дека измените се „лоши и неприменливи”. Тие содржат: забрана за цијаниди и сулфурна киселина при лужење и флотација во површински рудници за металични минерални суровини; обврска во техничката документација да стои јасно за какви постапки и хемикалии станува збор; обврска за финансиска гаранција на концесионерот во случај на еколошка катастрофа; и продолжување на роковите за одговор на локалната самоуправа и државните институции на 60, односно 30 дена, наместо сегашните 15 дена. Значи, сите измени се јасни, логични и во насока на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Второ, не е точно дека законот се носи набрзина и без јавна расправа. Законот е веќе осми месец во собраниска процедура и за него се одржа јавна расправа со учество на сите засегнати страни, вклучително и на рударскиот сектор. Заклучоците од расправата беа прифатени од Комисијата за економија, со согласнст и на предлагачите.

Трето, не е точно дека законот ги засегнува сегашните рудници, што беше дел од една претходна изјава на истиот претставник. Во текстот експлицитно стои дека измените не се однесуваат на постојните четири рудници, што беше изрично барање на рударскиот сектор.

Четврто, не е точно дека рудниците не се загадувачи. За тоа постојат голем број научни студии, а една од нив е и онаа на професорот Трајче Стафилов за старите историски загадувања, т.н. 16 жешки еколошки точки, во која има податоци за загадувањето на почвата во рударските градови.

Конечно, Македонија е мала за големите амбиции на рударскиот сектор. Не е во ред да се отвораат рудници на секои десет километри.“

Од прес конференцијата Поповска јавно праша кој е мотивот на истиот човек од рударскиот сектор толку упорно да се бори против очигледните еколошки заложби за заштита на животната средина од страна на екологистите? Дали е евентуално учесник во некоја од осумдесетте потенцијални концесии за нови рудници кои се сега во фаза на геолошко истражување?

фото: Канал 5

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета