фотографија

Со првата мини фотонапонска централа на приватен објект во Скопје, практично започна имплементацијата на новиот закон за енергетика со кој граѓаните ќе можат да инсталираат панели на своите покриви и вишокот на електрична енергија да го продаваат на слободен пазар.

Сега се на ред фотонапонски централи за цели населби! Тоа значи формирање на енергетски заедници од приватни лица, во населбите каде што живеат. Тие ќе може да ја користат произведената енергија, да си ја разменуваат и вишокот да го продаваат на пазарот. Со инсталирање на вакви мини фотонапонски централи се цели и кон зголемување на домашното производство на електрична енергија за сметка на увозот.

Со донесувањето на новиот закон за енергетика, ДОМ исполни уште една од своите долгогодишни заложби и програмски цели. Со години наназад ДОМ организираше конференции, трибини и кампањи за промовирање на потребата од користење на обновливи енергии во масовни размери, повикувајќи на „сончева револуцуја“. Со тоа се штити животната средина, а се зголемува обемот на зелената економија и зелените работни места.

ДОМ најавува осмислена кампања и едукација за што поширока и поефикасна примена на новиот закон за енергетика, во соработка со Зелениот институт.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета