2. Фотографија

„ДОМ го поздравува носењето на новиот Закон за енергетика, кој создава услови за енергетска револуција во Македонија и транзицијата од фосилни во обновливи енергенси. Овој закон обезбедува и заштита на ранливите потрошувачи преку мерки за енергетска сиромаштија, како и усогласување на нашата регулатива со европската. За нас, како зелена партија, со овој закон се завршува успешно едно поглавје од нашата програма. Конечно, Владата го трасира патот за користење на обновливите енергии, посебно на сончевата, која ќе може масовно да се ползува за производство на топлинска и електрична енергија.“ Ова го искажа пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ на јавната расправа на парламентарната Комисија за економија по повод носењето на законот за енергетика.

Таа предложи да се размисли и за дополнително стимулирање и диверзификација на производството на обновлива енергија, преку одредување задолжителен процент во вкупната енергија, како и поттикнување на производство на домашна опрема (сончеви панели, инвертори и сл.).

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета