2.Фотографија

Ве покануваме на јавна дебата во организација на Зелениот институт и ДОМ, а со поддршка на Биро де Хелинг од Холандија, што ќе се одржи на 5 мај (сабота), со почеток во 11 часот, во Галеријата КО-РА во Домот на градежници.

Целта на настанот е да се дискутира за решавање на жешките прашања поврзани со урбанизмот, кој го узурпира и дехуманизира просторот, наместо да обезбедува функционални решенија и квалитетно живеење. Дебатата ќе се обиде да најде одговор на актуелните прашања:

 

1) Како да заживее Законот за зеленило, донесен во јануари 2018, со одредбите за најмалку 20% зеленило на градежна парцела?

2) Низ која правна процедура да се направи ревизија на штетните ДУП-ови?

 

Јавна дебата

„Како да се зазелени урбанизмот?“

 

ПРОГРАМА

 

Модератор е Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ.

11:00 – 11:05      Воведно обраќање - Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт

11:05 – 11:10  Позитивните искуства во општина Центар - Јана Белчева Андреевска, претседателка на советот во општина Центар

11:10 – 11:15      Затекнати состојби со урбанизмот во општина Карпош и другите скопски општини - Александар Анѓушев, советник во општина Карпош

11:15 – 11:20      Како може да се спречи реализација на штетни ДУП-ови, кои се спротивни со ГУП-от и со еколошките одредби? - Д-р Христина Оџаклиеска, советничка во Општина Кисела Вода, Агенција за просторно планирање

11:20 – 11:25      Кои се позитивните искуства од општина Ѓорче Петров? - Бојан Петровски, советник во општина Ѓорче Петров

11:25 – 11:30      Како да се примени концептот на кровни градини со сончеви панели за поздраво и поевтино живеење? - Ана Петровска, инж. архитект и екологист

11.30 – 12.           Дискусија

Поканети се претставници од национални институции, скопски општини, градоначалници, политички партии, граѓански организации и активисти. Сите заинтересирани може да се пријават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и тел. 02 5 112 900 и 076 311 601.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета