знаме дом

Со одлуката за продолжување на мораториумот за спроведување на спорните ДУП-и, Советот и Градоначалникот на општина Центар уште еднаш покажаа одговорност и одлучност да обезбедат квалитетни услови за живот и минимум 20% зеленило на градежна парцела, според Законот за зеленило.

Општина Центар, на ваков начин, може да биде пример и за другите општини во Скопје и надвор од него, за сериозен пристап во ревизијата на еколошки несоодветните ДУП-и. Веруваме дека и другите општини може да ги искористат истите аргументи за да ја подобрат состојбата со урбанизмот и животната средина, а во интерес на своите граѓани.

Имено, во 31 ДУП во Центар е констатирано несогласување со ГУП-от на Град Скопје во делот на пропишаните еколошки услови: зеленило, растојание меѓу објекти, проветреност, осончаност, паркирање, движење на пешаци и возила, инфраструктура итн.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета