Ohrid

„Република Македонија има потреба од механизми за јакнење на граѓанскиот карактер и граѓанската кохезија, во функција на своето опстојување и напредок. Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор се препознаени како заеднички именители, кои обезбедуваат интеркултурен дијалог и ја зголемуваат граѓанската кохезија. Ние имаме скапоцено искуство на овој план со мултикултурни организации, коалиции и мрежи, кои функционираат одржливо со години, надминувајќи ги културните граници. Во граѓанскиот сектор доаѓа до проникнување на различните култури, при што се создаваат заеднички интеркултурни вредности, кои се основа за градење стабилно општество. Овие процеси бараат силна институционална поддршка, за да имаат поголемо влијание“ рече пратеничката Лилјана Поповска на 6-та меѓународна конференција Охрид-Водици, што се одржа од 17 до 19 јануари 2018 во Куќата на Уранија во Охрид, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“.

Темата на конференцијата беше: дијаспора, транснационализам, транскултурализам и интеркултурализам, како нови форми на социјалниот капитал. Отворена беше од организаторот, проф. д-р Рубин Земон, министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски и директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета