DOM zname

Македонските градови се и натаму потонати во смог и неопходни се ригорозни мерки против загадувањето. Потребни се интервентни набавки на : опрема за уништување на медицински и друг биолошки отпад  во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на  индустриски оџаци и слична опрема. Ова се неопходни и полезни инвестиции во здравјето.

 

Паралелно, треба да се преземат или засилат мерките , кои значат реорганизација во однесувањето на институциите, правните субјекти и граѓаните.

Финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година  покажа дека извори се : 32% загревањето на домаќинствата, 20%  сообраќајот, 19% градежништвото и 18% индустријата. Затоа од денес до крајот на февруари  да важат итните мерки:

-       Пар- непар (за да биде поефикасен бесплатниот јавен превоз)

-       Забрана за тешки товарни возила низ град

-       Забрана за возила под Еуро 4 стандард

-       Затворање на градилиштата

-       Преполнување на производството или затварање на загадувачки погони

-       Редовно собирање на отпадот

-       Редовно миење на улиците

-       Зголемени инспекциски контроли на општинските  и државните инспектори за животна средина

Уште зимово треба да се почне со среднорочните мерки:

-    Пропишување листа на дозволени горива во домаќинствата и индустријата (со забрана за нееколошки пелети со лепила).

-       Субвенции за печки на пелети, сончеви панели за топла вода, изолација на домовите

-       Субвенции за вградување плински уреди во возилата што загадуваат

-       Субвенции за хибридни и електрични возила

-       Зголемување на возниот парк во јавниот превоз со електрични автобуси.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета