Zname

Македонија се гуши во смог со астрономски вредности и секое намалување на загадувањето значи спасено здравје и живот на граѓаните. Да не се обесхрабруваме дека не можеме да го сведеме загадувањето на нула, туку да дејствуваме за намалување на штетите со итни мерки, а паралелно со нив да ги започнеме среднорочните и долгорочните мерки.

Итни мерки од денес:

  1. Воведување пар-непар режим за возилата
  2. Бесплатен јавен превоз
  3. Забрана за тешки товарни возила низ град
  4. Забрана за возила под Еуро 4 стандард
  5. Затворање на градилиштата
  6. Преполовување на производството на индустриските објекти што загадуваат
  7. Редовно собирање на отпадот
  8. Редовно миење на улиците
  9. Зголемени инспекциски контроли на општинските и државните инспектори за животна средина
  10. Ослободување од работа на бремените жени и лицата со респираторни и кардиоваскуларни болести.

Среднорочни мерки за период од 1 до 3 месеци:

  1. Носење на Законот за урбано зеленило кој е во собраниска процедура
  2. Пропишување листа на дозволени горива во домаќинствата и индустријата (со забрана за нееколошки пелети со лепила)
  3. Теренска контрола за почитување на листата од страна на комунални и инспектори за животна средина
  4. Субвенции за печки на пелети, сончеви панели за топла вода, изолација на домовите
  5. Субвенции за вградување плински уреди во возила што загадуваат
  6. Субвенции за хибридни и електрични возила
  7. Зголемување на возниот парк во јавниот превоз со електрични автобуси
  8. Набавка на опрема за уништување на медицински и друг биолошки отпад во Дрисла(што е обврска на концесионерот).

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета