lile popovska 1

Пратеничката и претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, одржа говор пред присутните на денешниот протест во Валандово против изградба на рудници во кој што рече дека Владата го има решениетo за стопирање на изградбата на рудникот Казандол.

Според Поповска исполнети се сите услови Владата да го раскине договорот затоа што концесионерот го пробил рокот.

- Рокот е изминат до кога требаше концесионерот да ја изгради постројката. Владата има основ и право да го раскине договорот. Спасот на Казандол го имаат правниците во раце, чиста работа е. Владата и министерствата можат да го решат тој проблем – рече Поповска.

Што се однесува до другите рудници, според пратеничката, спасот е во измени на законот за заштита на животната средина и минералните суровини. Следната недела ДОМ ќе поднесе измени во законот со кои ќе се забрани употреба на сулфурна киселина и цијанидни раствори, според европски стандарди.

-Со оваа регулатива во Македонија ќе биде забрането опасна употреба на отрови. На тој начин никој нема да мора да плаќа никакви оштети, а тие кои плаќале концесии и правеле план да не трујат за своја заработка, ќе мора да си одат – порача таа.

-Преземено од Фокус

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета