Zname

ДОМ бара итно затворање на рудникот Казандол од страна на Владата, поради прекршување на договорот за концесија и прекршување на процедурата за нејзино добивање во повеќе сегменти. Ова го темелиме врз извештајот од вонредниот надзор во рудникот од страна на Државниот инспекторат за животна средина, направен неодамна на барање на граѓанското здружение од Гевгелија „Спас за нас“.

Имено, според договорот помеѓу Владата и концесионерот, постои недвосмислена обврска во рок од две години да биде изградена постројката за катоден бакар и да биде започнат процесот на производство во обем од најмалку 50%. Со оглед на фактот дека инспекторите на терен констатирале дека споменатата постројка е уште во фаза на темели, а поминува веќе третата година, условот за еднострано раскинување од страна на Владата е исполнет!

Овој договор е добиен преку здружението „Спас за Валандово“, врз основа на Законот за пристап до информации од јавен карактер и јавно објавен, според Архуската конвенција за правата на граѓаните да бидат информирани за се што е поврзано со животната средина.

Дополнително, од увидот на Инспекторатот се гледаат редица недоследности во спроведувањето на постапката за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, што дава повеќе основи за стопирање на градбата.

Конечно, во извештајот од инспекторатот се гледа дека концесионерот продолжува да се служи со неточни наводи за наводно коректно информирање за јавната расправа по клучниот документ за заштита на животната средина, додека граѓаните на Валандово сведочат за речиси „таен“ состанок на одбрани лица. Не случајно се одржаа референдуми во сите четири засегнати општини, Богданци, Дојран, Гевгелија и Валандово, каде огромното мнозинство граѓани им кажаа НЕ на опасните рудници!

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета