sredba so zeleni od Albanija2

Пратеничката Маја Морачанин, советниците во Град Скопје и општината Ѓорче Петров, Христа Најданов и Бојан Петровски од ДОМ, денеска остварија средба со претседателот на Зелената партија на Албанија и советник во градот Елбасан, Индрит Абдиај и секретарот на партијата Ренато Хаџиај.

На средбата беше разговарано за еколошките проблеми со кои се соочуваат Република Македонија и Република Албанија. Потенцирани беа проблемите со отпадот, загадувањето од големите индустриски капацитети и енормното загадување на воздухот.

Албанските зелени ја искажаа својата подрршка на ДОМ и граѓанските организации против отворањето на рудниците за злато и бакар кои се штетни по здравјето на граѓаните и животната средина.

На средбата беше искажана подготвеност за поинтензивна соработка на зелените партии од регионот.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета