IMG 3959

Пратеничките и пратениците од парламентарното мнозинство Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петар Шилегов, Стефан Богоев, Диме Велковски,Благоја Бочварски и Ејуп Алими, денес поднесоа Предлог на закон за урбано зеленило до Собранието на Република Македонија. Пратениците Шилегов, Богоев и Бочварски се кандидати за градоначалници во Скопје, Карпош и Штип од коалицијата предводена од СДСМ.

Со овој закон ќе се воведе целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита, реконструкција, финансирање и управување со зеленилото. Во законот стои обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини, односно попис на целото зеленило по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м2 по жител зелена површина на ниво на град, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%. Во веќе изградените блокови ќе се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста.

Предлогот на законот за урбано зеленило, ДОМ досега го поднесуваше трипати во Собранието, но, наместо закон за реална заштита на зеленилото, претходното парлемантарно мнозинство донесе т.н. „Закон за зеленило“, кој е само декларативен и без нормативи и мерки за заштита на зелените површини.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета