DOM zname

ДОМ очекува Законот за урбано зеленило конечно да се донесе во Собранието, непосредно пред локалните избори. Ова е договорено со СДСМ пред парламентарните избори, заедно со пакет закони во урбанизмот и просторното планирање. Со ова ќе се сопре урбанистичкиот хаос, каде што интересите на бизнисот беа пред здравиот и квалитетен живот на граѓаните.

Овој закон ДОМ го поднесуваше три пати во Собранието, но тогашното мнозинство немаше слух да го прифати. Наместо закон за реална заштита на зеленилото, беше донесен т.н. „Закон за зеленило“, декларативен и без нормативи и мерки за заштита на зелените површини.

Законот за урбано зеленило беше изработен од Комисијата за екологија на ДОМ, зедно со стручни лица од Градот Скопје, ЈП Паркови и зеленило, како и Агенцијата за планирање на просторот. Помина серија јавни расправи во Градот Скопје и во ЗЕЛС, како и правно усогласување во министерствата и Собранието на Република Македонија.

Тој ќе обезбеди ефикасна заштита на постојното зеленило, со забрана за сечење на повеќегодишни дрва и задолжителна изработка на зелен катастар (попис на дрвата). Зеленилото ќе се вгради во урбанистичката документација според строго утврдени нормативи и стандарди: 25 м2 на ниво на град и 10-30% зеленило на ниво на градежна парцела. Ќе се обезбедат финансиски средства за одржување и подигање ново зеленило, за да се намали загадувањето на воздухот и да се хуманизира просторот за живеење.

Законот за урбано зеленило во моментов е на разгледување во Министерството за транспорт и врски и се очекува да биде поднесен од група пратеници од мнозинската коалиција.

 

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета