DOM zname

ДОМ им го честита Илинден на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци во светот. На овој ден ги славиме двата историски Илиндена, 114 години од Крушевскиот и првата република на Балканот, но и 73 години од АСНОМ-скиот, со кој Македонија се здоби со државност.

 

Илинден е темелот на македонската држава и не обврзува сите како граѓани со должна почит да го одбележиме. Да ги оставиме настрана политичките разногласија и дебати и да се обединиме околу заедничките желби за напредок и успешност на нашата земја. Да останеме отворени кон сите пријатели што подаваат рака и да покажеме, како многу пати досега, дека Република Македонија е дел од Европа и заслужува да биде и формално дел од европското политичко семејство.

Нека ни е честит Илинден!

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета