1

Во Дојран во недела на 23 јули ќе се одржи референдум на кој жителите на овој град треба да се изјаснат во врска со работата на рудникот Казандол. По тој повод беше одржана и трибина, организирана од страна на неколку граѓански здруженија, на која учествуваа и претседателката на ДОМ Лилјана Поповска и Ана Петровска.

Беше укажано дека отворањето и работата на овој рудник ќе има штетно влијание врз животната средина, поточно врз загадувањето на почвата, водата и воздухот, со катастрофални последици и врз здравјето на луѓето. „Нам во Република Македонија ни е потребно развивање на зелена економија, а не на црна економија која може целосно да го уништи земјоделието и туризмот не само во Дојран, туку во целиот регион“, нагласи меѓу другото Поповска, додавајќи дека работата на рудникот може да има широко штетно влијание и затоа е потребно подигање на свеста на жителите на овој град и тие да го следат примерот на претходно успешно одржаните референдуми во Гевгелија и Богданци и да не се залажуваат со ветувањата за нови вработувања и економски развој дадени од страна на претходната влада и од локалните власти.

ДОМ и овој пат ја потенцира долгорочната штета од отворањето рудници за експлоатација на бакар, сребро и злато и укажа на потребата од регионална соработка и солидарност на жителите од повеќе градови во југоисточниот дел на земјава кои се засегнати со овој актуелен проблем.53

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета