lile maja

Пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, остварија работна средба со Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Ова е во склоп на иницијативата на ДОМ како зелена партија за што побрзо ратификување на Конвенцијата за климатски промени, која е директно поврзана со енергетските политики и придонес кон ограничување на загревањето на атмосферата преку 1,5 степени Целзиусови.

 

На средбата беше разговарано за промена на досегашните практики во енергетиката и замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија. Се согласија дека енергетската иднина на Македонија не е во нови јагленокопи и термоцентрали, туку во интензивно користење на обновливите енергии, пред се на сонцето, ветерот и водите. Во постоечките, пак, термоцентрали РЕК Битола и РЕК Осломеј треба час поскоро да се воведе десулфуризација, за што стојат на располагање и европски фондови. Тоа ќе биде огромна придобивка за животната средина и здравјето на граѓаните.

За сево ова Македонија треба да се усогласи со енергетската заедница на ЕУ во поглед на стратегијата и регулативата за енергетика. Планирани се измени во Законот за енергетика до крајот на оваа година, со кои ќе се поедностави процедурата за производство на електрична енергија од обновливи извори од страна на правните субјекти и домаќинствата, во поглед на инвестирањето, лиценцирањето и воведување двонасочни броила.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета