DEMO ELDORADO NEW 01

ДОМ ги повикува општините Дојран и Валандово да ја испочитуваат волјата на граѓаните и да ги распишат референдумите за кои се создадени услови. Граѓаните имаат право да го искажат својот став за отворање рудници за злато и бакар на нивната територија. Се работи за нивното живеалиште, за нивниот дом!

ДОМ им порачува на граѓаните на Гевгелија, Богданци, Валандово, Дојран и Босилово да не се откажуваат од борбата против опасните рудници, кои се закана за животната средина и нивното здравје. Спас од рудниците треба да се бара во ревизија на студиите за животна средина, кои се изработени од консултантски фирми по нарачка на рударските компании.

 

Доколку тие студии содржат неточни и нецелосни податоци за технолошката постапка и за последиците од неа; доколку не е спроведена по закон процедурата за јавно информирање и јавна расправа на жителите на општината; доколку не се земени предвид забелешките од заинтересираните поединци или организации - тогаш се менува состојбата. Може да се случи, наместо државата да плаќа пенали ако не дозволи работа на рудниците, некои други да треба да ѝ плаќаат оштета!

 

Како пример го наведуваме потполното игнорирање на забелешките од присутните на јавната дебата за рудникот за злато, Иловица, што се одржа на 23 јуни 2016 година во општина Босилово. На неа жестоко реагираше и нашиот портпарол Тони Ристов, кој, за жал, не е веќе меѓу нас. По ова ДОМ даде и писмени забелешки до институциите, со сериозна аргументација за огромната опасност од лужењето на рудата во базени со цијанидни раствори, среде Струмичко Поле.

 

ДОМ ќе продолжи да води активна кампања со теренски настапи и соопштенија против отворањето рудници во региони со производство на здрава храна и туризам. Рудници и зелена економија, едноставно не одат заедно! 

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета