DOM zname

ДОМ се чуствува повикан да појасни некои елементарни работи во врска со пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, поттикнат од дискусија која се наметна во јавноста за да му наштети на сегашното парламентарно мнозинство.

Деловнички, сите партии или пратеници во Собранието имаат право да се изјаснат дали ќе работат како дел од некоја пратеничка група од минимум пет пратеници, или како независни пратеници. Двете пратенички од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, се изјаснија за истиот статус што го имаше Поповска претходно во минатиот период, кога никој тоа не го спореше. Ова е принципиелен став на зелените партии, на кој инсистираат и во другите парламенти.

ДОМ Е и ОСТАНУВА дел од коалицијата со СДСМ и останатите партии и поединци кои се бореа за демократизација и правна држава. Веќе трета година сме на иста линија за потребата од мирна разврска на политичката криза низ два паралелни процеса - политички и правен, поради што бевме дел и на широката Демократска платформа која собра граѓани од различно етничко, верско и идеолошко потекло.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета