energija od veter 3 1

ДОМ ги поддржува граѓаните на Богданци да излезат на референдумот против рудникот и да му кажат одлучно НЕ! Убавото и сончево Богданци не е место за валкани технологии кои трајно ќе ја уништат животната средина и здравјето на луѓето.

Наместо рудник со лужење на рудата во базени со киселина, граѓаните имаат шанса да изберат здрав живот со практикување модерни и чисти технологии, како што се ветерници, сончеви панели за топла вода и производство на струја, современо органско земјоделие и преработка, рурален туризам како и информатички технологии.. Дел од оваа зелена економија веќе се применува во регионот, а има огромни можности за проширување, со силна поддршка од домашниот буџет и европски фондови за рурален развој.

Конечно, во Македонија мора да се напушти принципот на било какво вработување, па и по цена на здравјето, какво што нудат поддржувачите на отворање рудници со валкани технологии. Вистинските потенцијали на Богданци, исто како и на Гевгелија, Валандово, Дојран и сите наши региони, лежат во чистата и одржлива зелена економија, која обезбедува и работа, и здравје!

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета