DOM zname

На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ беше потврдена поддршката за формирање нова Влада на Република Македонија, која ќе има сериозна задача за демократизација на земјата и за спроведување на реформите на Прибе во насока на професионализација на институциите.

Истовремено, ќе треба да започне и процес на намалување на поделбите помеѓу граѓаните по разни основи и да зајакне граѓанската кохезија. Централниот одбор на ДОМ оцени дека сите политички субјекти треба да се однесуваат одговорно во оваа фрагилна политичка ситуација и да придонесат за стабилизација на земјата.

ДОМ очекува новата Влада да обезбеди сериозен третман на сите области од живеењето, а посебно на темите за екологија, зелена економија, рамномерен регионален развој, човекови права и недискриминација. Впрочем, тие програмски приоритети беа поддржани од страна на СДСМ, како најголема партија во коалицијата.

 

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета