dojran3

ДОМ упатува апел до градоначалникот, советниците и граѓаните на Дојран да го заштитат своето најголемо богатство - природата, со тоа што ќе им се придружат на граѓанските иницијативи во Валандово и Богданци против рудникот за бакар Казандол. Сега е на ред Дојран да каже НЕ за рудници, ДА за туризам! Зашто нема туризам и здрава храна во подножјето на рудник со површински коп, со лужење руда во отворени базени со сулфурна киселина и со ридови отпадна прашина.

Истовремено, им честитаме на Валандовчани за успешниот почеток на иницијативата за референдум, како и на градоначалничката и сите советници од општина Богданци, кои изгласаа одлука за референдум. Сите тие покажаа не само висока еколошка свест, туку и граѓанска чесност и одговорност. Веруваме дека исходот на сите референдуми ќе биде позитивен и ќе го следи оној од Гевгелија против двата рудника за злато на Кожуф.

Со успехот на овие референдуми и со зачувување на животната средина ќе може да продолжи економскиот развој на овој питом регион, базиран врз производство на здрава органска храна и туризам. Ова ќе значи и јасна обврска за владата да им даде силна поддршка и дополнително да вложи во напредок на овие гранки, преку сериозни буџетски средства и преку недоволно искористените европски фондови за рурален развој, како резултат на што ќе се отворат илјадници нови зелени работни места.

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета