Прес конференции

Поддршка од Европските Зелени за ДОМ да продолжи со еколошки одговорни политики

DSCN5008

Скопје, 20 март 2013

Со денешното потпишување ДОМ во целост ја поддржува кампањата на Коалицијата „Екологијата приоритет“ составена од 13 еколошки невладини организации.

Повеќе...

ДОМ ги поддржува барањата на Анима Мунди за заштита на животните

Pres-so-Anima-Mundi-01

ДОМ ги поддржа иницијативите на Анима Мунди и останатите здруженија за заштита на животните, во нивните намери и активности за хуман третман и грижа на животните. Притоа ДОМ и Анима Мунди потпишаа Меморандум за соработка во процесот на прилагодувањето на законските и други акти кои ја регулираат оваа област.

Повеќе...

Пристапни рампи наместо скапи кампањи

 

 

 

Veles pres patarini 11 03 2013 2

Согледувајќи ги информациите за потрошените финансии околу тековните кампањи на другите политички субјекти општинската организација на ДОМ и Советничката листа под број 80 упатија повик да се прескокнат барем три – четири часа од помпезноста во рекламирањето или да се откаже еден автобус за превоз на членство за митинг од еден во друг град или да се намали обемот на поставената бина за оддржан митинг, или да се прескокне печатењето на стотина маици или запалки, a финансиите предложија да се употребат за изградба на рампа за пристапност на лица со посебни потреби пред Поштата во Велес или пред Општина Велес или да се инвестира во изградба на едукативен центар на децата од Рамина (од фотографијата видливо во кои услови тие се едуцираат).

Повеќе...

„Фантомски“ загадувачи во Гази Баба и Бутел

makstil-pres

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска и носителите на листите за советници од Град Скопје – Денко Скаловски, Бутел – Златко Јордановски и Гази Баба – Мирослав Богдановски, остварија средба со претставник на Макстил АД и притоа беше разговарано за проблемите со индустриското загадување од овој капацитет, како и за мерките кои ги превземаат во врска со тоа.

Повеќе...

ДОМ предлага субвенции за помали сметки за струја

IMAG0772

Советниците на ДОМ ќе се заложат за намалување на сметките за струја дури за над 50 % преку посебни програми за субвенционирање на индивидуалните домаќинства. Субвенциите ќе се однесуваат на изолација и поправка на станови како и за поставување на сончеви колектори за топла санитарна вода во секое домаќинство. За спроведување на овие програми ќе се отворат општински канцеларии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Средствата за сите овие субвенции ќе се обезбедат од пакет мерки за штедење енергија на општинско ниво.

Повеќе...

ДОМ ќе се бори против загадувањата на Гази Баба и Бутел од тешката индустрија

 MG 2178

Носителите на листите на ДОМ од Град Скопје, Гази Баба и Бутел, проф. д-р Денко Скаловски, Мирослав Богдановски, Златко Јордановски и претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска на сопствено барање ги посетија „Скопски легури“. Беа примени од директорот за Општи работи Горан Митевски, при што се водеше разговор за тоа какви еколошки мерки имаат досега преземено.

Повеќе...

Помали сметки за струја од 50% до 80%

IMAG0762-1

Како советници од ДОМ  ќе се залагаме за намалување на сметките за потрошена електрична енергија, преку субвенционирање на домаќинствата кои ќе вложат во инсталации од обновливи извори на енергија или ќе сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на нивните објекти. На овој начин сметките можат да се намалат од 50% до 80%.

Повеќе...

Зелени проекти за зелено Скопје

Zeleni proekti za zeleno Skopje 10

Воведување на функцијата Градски архитект и Градски Совет на архитекти, донесувањето на Зелениот катастар и воспоставувањето на Кластер за Зелен град се само дел од проектите кои ги промовираше носителот на зелената советничка листа на ДОМ проф. д-р Денко Скаловски.

Повеќе...

Зошто некој смета дека 777 кандидати за советници од ДОМ не се важни за медиумско претставување?

DOM LOGO

ДОМ преку прес конференција го искажа своето незадоволство од скромната застапеност во медиумите во текот на изборната кампања за Локалните избори 2013.

Повеќе...

Отстранување на велешките патарини

Veles pres patarini 11 03 2013 1

Велес - 11.03.2013 - ОО ДОМ - Велес ja проддожува иницијативата за отстранување на патарината на потегот Велес – Катланово и патарината Катланово – Велес, попознати како велешки патарини но бараме и политичка поддршка од останатите учесници на локалните избори. Ова е конкретно решение со кое ќе можат да се намалат трошоците за патување на сите од Велес, Јужна и Источна Македонија кои патуваат кон Скопје и од Скопје. Затоа без многу филозофија и само голи ветувања во предизборието, бараме конкретен став дали и другите се или не се за оваа иницијатива.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета