Прес конференции

ДОМ почнува кампања против ГМО

DOM LOGO

ДОМ како зелена партија се грижи за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Поттикнати од многубројните контроверзни податоци за безбедноста на генетски модифицираната храна, добиточна храна, семе и семенски материјал, чувствуваме потреба пошироко и посериозно да ја отвориме оваа тема во Република Македонија. ДОМ го дели ставот на зелената опција во Европа и ширум светот дека генетски модифицираната храна, добиточна храна, семе и семенски материјал претставуваат закана за животната средина и потенцијална опасност по здравјето на луѓето и нивното потомство. Затоа ДОМ е против употребата на ГМО и се залага за употреба на домашни автохтони сорти и исхрана со здрава храна.

Повеќе...

Контролни лабаратории за загадувањето од Железара

kontrolni-labaratorii-pres

Загадувачите немаат намера да ги спроведат еколошките мерки без принуда, зашто инаку тоа ќе го стореа во изминатите години пред економската криза, кога на берзите нивните производи постигнуваа фантастични добивки. Значи, принудата мора да ја спроведат надлежните служби, откако егзактно ќе утврдат дека е загрозена животната средина и здравјето на луѓето. Патем, тоа се гледа со голо око и се чуствува на своја кожа!

Повеќе...

ДОМ со осуда за сечењето дрвја

Bristol

ДОМ уште еднаш јавно го осудува сечењето дрвја кај Бристол што се случи завчера, во правен вакум помеѓу заминувањето на старата и доаѓањето на новата локална власт во Центар. Особено шокантно и неразбирливо беше ноќното сечење! Потенцираме, мора да се почитува процедурата и вољата на граѓаните кои го бранат зеленилото.

Повеќе...

ДОМ бара поддршка од градоначалниците и советниците за Декларацијата за зелени општини

DOM LOGO

Демократската обнова на Македонија – ДОМ, како зелена партија, во согласност со основните заложби од Програмата за зелени општини ги повикува сите градоначалници и советници, избрани на Локалните избори 2013 да ја поддржат следнава:

Повеќе...

Апелираме да не се тргаат избраните советнички

lile seminar mavrovo

ДОМ им го честита изборот на четирите градоначалнички во Кисела Вода, Градско, Тетово  и Богданци, очекувајќи  добра работа, во интерес на граѓаните. Изборот на жени на овие  функции е многу значаен за сите нас, како чекор напред во демократските процеси и во постигнувањето еднакви можности за мажите и жените.

Повеќе...

ДОМ инсистира на увид во неважечките гласови

Liljana-Upraven-sud-1

Инсистираме на увид во неважечките ливчиња преку управен суд. За таа цел поднесуваме 35 тужби. Посебно инсистираме на увид во скопските општини каде имаме докази за тоа, како Карпош, Центар, Гази Баба и некои други. Исто така инсистираме и за некои помали општини како Конче и Чашка, каде по претходно покажан резултат и освоен советник на ДОМ, тој на волшебен начин исчезнал.

Повеќе...

Нов советник во ДОМ

Sinisa Makedonski Brod1

Носителот на независната листа Синиша Смилески и новоизбран член на Советот на општина Македонски Брод од денеска е нов советник на ДОМ.

Повеќе...

Честитка од ДОМ до избраните градоначалнички

LPRadioIlinden

Во име на ДОМ и во мое лично име, сакам да им честитам на избраните градоначалнички во Кисела Вода и во Градско и да им пожелам среќа на кандидатките за градоначалници во Тетово и во Богданци.

Повеќе...

Првично сумирање на резултаите од ДОМ и оцена на Локалните избори 2013

izberi-zeleno-disi-slobodno

Од ДОМ изразуваме големо задоволство од бројот на добиени гласови на локалните избори 2013, кој изнесува 25000. Им благодариме на граѓаните кои покажаа дека им значи зелената опција и мирољубивиот пристап. Оваа е историска бројка за зелените во Македонија која охрабрува и задолжува. Отсега натаму ќе одиме со самостојни зелени листи на локални избори.

Повеќе...

ИЗБЕРИ ЗЕЛЕНО! ДИШИ СЛОБОДНО!- За фер избори и за повеќе „зелени“ советници

IMAG0811

На денешниот, последен прес во кампањата за Локалните избори 2013, претседателот на ДОМ Лилјана Поповска во придружба на носителите на „зелените“ советнички листи во скопските општини истакна дека ДОМ и овој пат водеше фер и позитивна кампања и затоа се надеваме на барем двојно повеќе „зелени“ советници од досегашниот број.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета