Прес конференции

ДОМ: Дали е инвестицијата на ДУПОНТ еколошка?

DOM zname

Mногу е важно постапката за инвестицијата на ДуПонт (DuPont) и на Етанол Јуроп Рињуаблс Лимитед (Еthanol Europe Renewables Limited) да се води транспарентно и со целосен мониторинг од јавноста (академска, граѓанска, политичка, медиуми). ДОМ нагласува дека Македонија мора да остане земја во која нема да се произведува ГМО за никакви цели, а трајна определба да биде производство на здрава храна и заштита на животната средина како услов за која и да е инвестиција.

Повеќе...

ДОМ: Борбата против загадувањето мора да продолжи

Toni Ristov1

Борбата против загадувањето мора да продолжи со серија итни мерки, зашто маглите се спуштија и во градовите станува „опасно дишењето“. ДОМ минатата година предложи мерки кои дел од нив беа усвоени од Градот Скопје и Владата. На веќе усвоените мерки ги повторуваме дел од нашите предлози и придодаваме нови.

Повеќе...

ДОМ oрганизира акција за собирање Е-отпад

DOM zname

ДОМ организира акција за собирање е-отпад од 26 септември до 3 октомври 2014 во повеќе општини, во склад со Законот за електронски и електричен отпад. Договор за подигање на отпадот е направен со колективниот постапувач за е-отпад - „Нула отпад” од Скопје, кој се обврза да го подигне целокупниот електричен и електронски отпад од секој град.

Повеќе...

„Балканските Зелени на конференција во Скопје против еколошките катастрофи“

DOM zname

Предизвиците од климатските промени се видливи, ги чувствувавме во Македонија, а уште посилно нашите балкански соседи Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина. ДОМ и другите зелени партии од Балканот активно ја водат кампањата „ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАЛКАНОТ! - Спремен одговор за климатските промени!“, што е во согласност со заклучоците од советувањето на балканските зелени одржано во јуни оваа година.

Повеќе...

ДОМ предлага Центри за академско пишување

DOM zname

Младинската организација на ДОМ (МОДОМ) му предлага на Министерството за образование и наука да се заложи и да помогне во основањето Центри за академско пишување во рамки на  државните универзитети во Македонија. Ние сметаме дека со основањето вакви Центри какви што постојат на голем број универзитети во Европа и САД, значително ќе се зголемат академските компетенции на студентите и ќе им се помогне директно во текот на нивното студирање.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета