Прес конференции

ДОМ со писмо до ДИК да овозможи собирање потписи за Карпош 4 и во викенд

DOM zname

ДОМ поднесе писмо со барање до Државната изборна комисија, да овозможи собирање потписи на граѓанската иницијатива за Карпош 4 и надвор од вообичаеното работно време,односно до 20.00 часот, како и за време на викендот, на 26 и 27 септември 2015 година (сабота и недела).

Повеќе...

ДОМ: Една изборна единица за повисока култура на дијалог


2015.08.21 Soopstenie DOM Edna izborna edinica

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како партија која со години се залага за промена на изборниот модел во една изборна единица и самостоен настап на партиите на избори, ДОМ изразува големо задоволство од позитивниот пресврт во преговорите на оваа тема. Очекуваме дека, по СДСМ и останатите три партии ќе го прифатат овој став и ќе покажат слух за барањата на граѓаните и потребата на државата за демократизација.

Повеќе...

ДОМ бара да се повлече ДУП-от за Карпош 4

press karpos4

ДОМ бара од градоначалникот и од претседавачот на советот во општина Карпош да го повлечат од седница Деталниот урбанистички план за Карпош 4. Ова е практично консензуално барање на сите жители на таа прекрасна зелена населба,  зашто зеленилото и здравиот живот не познаваат ни партија, ни вера, ни етнос.

Повеќе...

Рибите гинат поради бизнисот на сепарациите

Ribite ginat zaradi biznisot na separaciite

Друштвото на спортски риболовци  „Вардар“ и ДОМ јавно апелираат за спас на македонските реки. Да се заштитат рибите и целиот жив свет во реките,a покрај тоа да се спасат од загадувањето и уништувањето предизвикано од човечката алчност и негрижа на истите.

Повеќе...

ДОМ: кој ги труе Скопјани среде лето?

Maja Morachanin 25.07.2015 Press

ДОМ јавно ги прашува надлежните институции, а пред се инспекторатите за животна средина, дали знаат кој ги труе Скопјани среде лето и зошто не си ги вршат своите обврски?

Повеќе...

ДОМ со барања до работната група за преговори

Lile Toni Maja Hrista

Интегрален текст од прес конференцијата

ДОМ го поздрави договорот за разрешување на политичката криза во Македонија, но смета дека за негова успешна имплементација е потребна транспарентност и вклучување на повеќе партии, невладини организации и пошироката демократска јавност. Доколку се остави за суштинските прашања во земјата да одлучуваат само два пати по две партии, ќе се даде легитимитет на бипартиски и бинационален принцип, кој е и дел од причините за кризата, што ќе предизвика уште поголема поделеност на македонското општество.

Повеќе...

Општинската организација на ДОМ од Ѓорче Петров бара изградба на мали паркови во општината

Robert Naumoski

Интегрален текст од прес конференцијата

Од суштинко значење за квалитетот на живот во секое населено место е постоењето на зелени површини.

Во изминатиот неколкугодишен период, од локалната власт не забележавме ни најмала иницијатива за да се подобри состојбата со зеленилото. На неколку пати, преку Советот на општината, во кој партиципираме, поднесовме барања за изградба на мали паркови и парк за миленичиња, но не наидовме на разбирање. Затоа повторно, сега и јавно, најавуваме дека до Градоначалниокот и до Советот на општината ќе поднесеме барање за изградба на неколку мали паркови, со соодветна урбана инфраструктура, во сите урбани и рурални заедници на општината, како и изградба на парк за миленичиња.

Повеќе...

ДОМ: Да сопре насилството врз шумите!

nasilstvo shumi pres konferencija

Од ДОМ сме згрозени од насилството што се врши врз шумските предели ширум Македонија, а за што сме сведоци деновиве, среде жешкото лето и жешката политичка ситуација!

Повеќе...

Реакција на ДОМ по повод сечата на тополите кај Сити Мол

DOM zname

ДОМ искажува незадоволсто и бара објаснување од ЈП Паркови и зеленило и од Град Скопје за сечата на тополите спроти Трговскиот Центар City Mall, во општина Карпош, со што се предизвика  деградација на  урбаната животна средина на овој простор. Овие тополи, беа во одлична состојба и нема никакво оправдување постапката која беше спроведена денеска.

Повеќе...

ДОМ предлага одложување на Законот за високо образование

DOM zname

ДОМ предлага одложување на носењето на Законот за високо образование, за да се обезбеди широка јавна дебата и да се земат предвид аргументите на студентите и професорите. Ова е многу сериозен закон кој е многу важен за целото општество и бара длабинска анализа на целиот образовен систем. Зашто, ако постои можност за продукција на лоши кадри и лажни дипломи, тоа е проблем на институциите и на системот. 

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета