TONI pres

ДОМ го повикува ДИК на максимална ажурност и транспарентност, за да се прочисти избирачкиот список, за да може да се одржат избори на 5 јуни. Во таа насока даваме свој придонес со пријавување на редица скандалозни „грешки“ забележани од граѓани ширум Македонија. Ќе издвоиме само неколку најинтересни - во Скопје и во Пробиштип, за кои реагираа граѓаните, а што укажува дека непостојни лица се вградувани на постојни и непостојни адреси низ целата земја.

Во општина Центар на Бул. Партизански одреди бр.8, кула 26, пронајдени се 30 непознати лица, распоредени во сите станови. Граѓаните панично пријавуваат, шокирани дека имаат фантомски состанари, кои утре можат да посегнат по правото да го делат нивниот имот, бидејќи поседуваат официјален документ за живеалиште на тие адреси!

Во општина Пробиштип граѓаните се изненадени дека според избирачкиот список на улица Кочо Рацин соседи им се високи државни и локални функционери, кои всушност и не живеат таму, а сопственици се други лица.

За овие неправилност ќе биде известена и ДИК и ќе и бидат доставени податоците.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета