DOM zname

ДОМ продолжува да ја следи состојбата со еколошкото прилагодување на големите загадувачи. Досега со А интегрирана дозвола се стекнале 70 компании од вкупно 135 кои имаат аплицирано. Оние кои сеуште немаат добиено дозвола, најголемиот дел интензивно работат да го запазат рокот.

Сепак искажуваме незадоволство од односот на менаџментот во Југохром. Ние, како зелена партија имавме и имаме разбирање за состојбите, но само ако гледаме покажана волја и напор за заштита на животната средина, а тоа го нема од Југохром.

Затоа, ДОМ бара казна за Југохром за непочитување на рокот за поставување на опрема за заштита на животната средина во законски определениот рок. ДОМ има сознанија дека поставувањето на опремата не чини 10 милиони евра, туку барем пет пати помалку, и дека процедурата за нарачка и поставување на опремата може да се заврши во рок од неколку месеци, а не за две години, како што бараа од комбинатот.

ДОМ исто така бара од Југохром да се обврзе дека ќе подигне паркови со заштитно зеленило околу фабриката и во Тетово и Гостивар.

Потсетуваме дека ДОМ повеќепати ја актуелизираше оваа тема преку пресови и трибини и имавме повеќе безуспешни обиди да стапиме во директен контакт со одговорните во комбинатот. ДОМ жали што Југохром не ја сфати сериозно оваа законска обврска. Законот е закон, треба сите да го почитуваат и треба да важи за сите.

На прес конференцијата зборуваше портпаролот Тони Ристов

Со почит,

Сектор за односи со јавноста

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета