DOM zname

Мојот драг пријател и колега, Проф. д-р Ѓорѓе Иванов – имам чест и задоволство и лично да го познавам повеќе од 20 години. Но тоа не е главната причина за мојата и нашата безрезервна поддршка за негов втор мандат за Претседател на Р. Македонија. Поддршката е пред се поради сето она што досега го направил за македонското општество и македонската држава и заради се она што ветува дека и во иднина чесно и одговорно ќе го прави за доброто на македонското граѓанско општество и македонската правна држава. 

За нас како Зелена партија, и за мене како Потпретседател на Демократска обнова на Македонија –ДОМ, посебно се значајни неколку негови начела и заложби:

-неговото категорично одбивање на промена на Уставот на Р. Македонија, со цел промена на уставното име, категорично одбивање на идеи или предллози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот;

-одговорен однос кон природата и грижа за здрава животна средина;

-унапредување на правата на жените и почитување на жената како лидер во различни области;

- поддршка на младите како најзначаен капитал на Македонија; инвестирање во нивното образование, како основа на поконкуретна економија, подобар живот и посигурна иднина и се разбира – отварање нови работни места;

Македонија како земја на знаење, иновации, нови технологии и раазвиена научно-истражувачка работа.

Проф. д-р Денко Скаловски

член на Тимот Македонија

за Ѓорѓе Иванов

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета