DOM zname

Предизвиците од климатските промени се видливи, ги чувствувавме во Македонија, а уште посилно нашите балкански соседи Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина. ДОМ и другите зелени партии од Балканот активно ја водат кампањата „ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАЛКАНОТ! - Спремен одговор за климатските промени!“, што е во согласност со заклучоците од советувањето на балканските зелени одржано во јуни оваа година.

Своите активности во оваа фаза од кампањата Балканските зелени ќе ги заокружат со дводневна конференција во Скопје на 4 и 5 октомври. На неа се поканети сите зелени политички партии од Балканот и досега има потврдено учество од Хрватска, Србија, Романија, Црна Гора, Бугарија и Словенија, а деновиве очекуваме своето присуство да го потврдат и другите политички партии од Грција, Турција, Косово, Босна и Херцеговина.

Можеме да истакнеме дека гости на конференцијата ќе ни бидат хрватскиот европратеник Давор Шкрлец од ОРаХ, пратеникот во српскиот парламент Иван Кариќ од Зелени Србије, а очекуваме пратеничко присуство и од Црна Гора.

Носечки теми на конференцијата ќе бидат: управување со природните ресурси, безбедноста на храната, справувањето со катастрофите предизвикани од климатските промени, и финансиски извори и инструменти за постигнување на еколошка безбедност.

ДОМ во периодот до конференцијата ќе ги продолжи средбите со институциите, експертите и граѓанскиот сектор на кои се дискутира за  еколошката безбедност во Македонија и начините како таа да се подобри во пресрет на се позачестените временски непогоди и климатските промени кои ја покажаа својата жестина.

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета