lile maja 2

По донесувањето на Законот за урбано зеленило, треба да се направи усогласување на урбанистичките закони со него, во рок од 6 месеци од денот на влегување во сила на законот. Заради забрзување на постапката, ќе бидат подготвени измени во консултација со Министерството за транспорт и врски, како и со колегите од коалицијата.

Во Законот за просторно и урбанистичко планирање потребни се измени во делот на планирање и носење плански документации, каде треба да се вгради обврската за 25 м2 зеленило по жител на ниво на град во Генералните урбанистички планови и најмалку 20% зеленило на градежна парцела во целата останата планска документација.

Во Законот за градење, пак, треба да се вгради обврската за постапување според „зазеленета“ планска документација - од добивањето дозвола за градба, преку надзорот на изведбата, до пуштање во употреба на објектите.

Паралелно со овие измени произлезени од Законот за урбано зеленило, ќе предложиме и поправка на неколку сериозни дефекти во Законот за просторно и урбанистичко планирање, направени во полза на бизнисот, а на штета на граѓаните и животната средина. Треба да се вратиме на некои поранешни хумани стандарди, кои се и европски стандарди. Интервенција е потребна во следниве одредби:

- да се намали процентот на изграденост на градежна парцела, кој сега изнесува 70%, а има случаи кога се гради и 90%;

- да се зголеми растојанието од објектот до границата на парцелата на една половина од висината на објектот, наместо на една третина, како што е сега;

- да се отстрани бесмислената одредба за „минимум висина“ на објектите, со што се прават бетонски џунгли;

- да се нагласи дека густината на четвртта се определува и важи за ЦЕЛИОТ плански опфат, без „посебни услови“ за т.н. линиски центри, кои се градби вдолж границите на четвртта, со што се поништува утврдената густина во ДУП-те;

- да се врати писменото известување на сите засегнати граѓани за јавната анкета при донесувањето ДУП-и, со продолжување на рокот од 15 на барем 30 денови;

- да се врати потребното апсолутно мнозинство од избраните советници при донесувањето ДУП-и, наместо изгласување со една третина, без доволен легитимитет за овие важни плански документи.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета