press 19.09.2017

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на денешната прес конференција го изнесе предлогот на ДОМ за следни чекори во врска со рудниците за злато и бакар.

ДОМ смета дека по серијата референдуми против отворање рудници за злато и бакар во југоисточна Македонија, време е Владата да направи решителни чекори во борбата против загадувањето од рудниците.

Охрабрува поддршката што и ја даде премиерот Зоран Заев на делегацијата од Европските Зелени, предводена од претседателот Рајнхард Бутикофер, при нивната неодамнешна посета. На средбата беше изразена спремност за преиспитувањето на регуларноста на дадените концесии за рудниците, во интерес на здравјето на граѓаните.

Затоа му се обраќаме на Премиерот со писмено барање за одржување тематска седница на Владата на Република Македонија за рудничките концесии, пред одржување на локалните избори.

Ова го поткрепуваме со конкретни аргументи:

  1. Со Резолуцијата на Европскиот Парламент од 5 мај 2010 година е утврдена општа забрана за користење на лужење со цијанид во Европска Унија како резултат на 30 големи еколошки катастрофи во последните 25 години во светот. Оваа Резолуција не е земена предвид при одлучувањето за рудниците Казандол и Иловица.
  2. 2)Издавањето на концесии за истражување на минерални суровини на 370 локации (на 10.000 хектари, или 40% од територијата на Македонија), од кои десетина за експлоатација на металички минерални суровини, со лужење со цијанид и сулфурна киселина е во спротивност со:

а) Просторниот план на Република Македонија од 2004 година, според кој не се предвидени рудници на територијата околу Казандол и Иловица, туку земјоделие и лесна незагадувачка индустрија;

б) Законот за животна средина, поточно Уредбата за стратегиите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 153/07 и 45/11).

3)  Пред издавањето на овие концесии не е спроведена постапка за стратегиска оцена на животната средина за утврдување на кумулативните влијанија од експлоатацијата на минерални суровини од овие 370 локации.

4) Самиот Договор за концесија на рудникот Казандол цениме дека е неодржлив, зашто не дава јасни инструкции за постапување при непридржување на концесиониерот кон позитивните законски прописи од областа на животната средина.

5) Веќе одржаните референдуми на локално ниво се јасен израз на волјата на граѓаните кои се загрижени за своето здравје и животната средина.

ДОМ смета дека клучни за оваа проблематика се министерството за економија, за транспорт и врски, за животна средина, за земјоделство и за здравство. Предлагаме формирање на Работна група со претставници од овие ресори, дополнета со претставници од ДОМ и граѓанските иницијативи против рудниците.

Предлагаме во меѓувреме да се стопираат сите тековни постапки за издавање на концесија за експлоатација на минерални суровини и да се изврши длабинска анализа на сите издадени дозволи, договори и друга документација.“

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета