maja pres 26.01.2017

ДОМ по којзнае кој пат укажува, дека без цел пакет итни мерки нема спас од загадувањето! Во услови на 10-20 пати повисоки ПМ10 честички во најголем број денови зимово, не може решение да биде само една мерка, пар-непар и намалување на користењето на службените возила, што ја предлага Министерството за животна средина, зашто е само капка во морето!

 

Кога веќе ќе се сфати дека за здрав живот на граѓаните не смее да се штеди, туку напротив, потребно е да се потрошат буџетски средства, за да се стопираат сите извори на загадување, да се премине во зелена економија, но и да им се компензира евентуалната економска штета на граѓаните и фирмите од државни средства. За екологија загадувачите секако плаќаат во Буџетот, но на средствата им се губи трагот. Потребен е Фонд за животна средина, од каде средствата ќе се насочуваат директно за решавање еколошки проблеми. Да не зборуваме дека има можност и за пренамена на средства од ставки за непродуктивни проекти, како и за користење ЕУ-фондови.

ДОМ упорно бара Владата да прогласи вонредна состојба со загадувањето во сите големи градови во Македонија и да воведе цел пакет од итни мерки. Како што прогласија Париз и Сараево, па воведоа пар-непар, или Осло кое забрани дизел-возила. Како што Кина реши да потроши 2,7 милијарди долари за Пекинг и за затворање на 2.000 фабрики кои загадуваат, за замена на јагленот со чиста енергија, за исклучување на 300.000 стари возила од сообраќај и за спречување опасни горива.

 

ДОМ инсистира на следните итни мерки во градовите:

-       Воведување пар-непар

-       Бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови кај што го нема

-       Забрана за возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај

-       Зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот

-       Воведување ефтина дневна тарифа за струја на домаќинствата

-       Затворање на градилиштата

-       Преполовување на производството на индустриските објекти што загадуваат, по што државата ќе ги обесштети

-       Редовно собирање на отпадот

-       Субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата

 

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета