lpf

(Видео)

Сега, непосредно пред парламентарните избори, е време за единство и за искрена посветеност на борбата за демократизација на земјата. Во тоа име, ДОМ се откажа од намерата за самостоен настап и прифати да биде дел од опозиционата коалиција што ја предводи СДСМ. Нашето излегување од Владата пред речиси две години беше поздравено од јавноста и нотирано во Извештајот на Европската комисија како важен пресвртен момент во политичката криза. Затоа изненадуваат сега поединечни реакции, во кои се проблематизира мојата добитна позиција на коалиционите листи.

Да, со коалициониот партнер за мене е договорено добитното 4. место во И.Е.2. Но јас не сакам функција по секоја цена, ниту да послужам за сеење семе на раздор во демократската опозиција. На Македонија и претстои голема битка и потребни сме си сите, независно од етничкото, верското и политичкото потекло.

Затоа одлучив да се откажам од добитната позиција на пратеничките листи, за да покажам што ми е приоритет. Уште денес ќе му предложам на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор на ДОМ да ја прифати мојата одлука и моето образложение. За ова ќе го известиме секако СДСМ како коалиционен партнер. ДОМ има одлични кадри и сигурна сум дека на тоа место ќе влезе личност која доследно ќе се бори за демократските принципи.

Јас секако ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција, која сега се смета за недобитна, но од сите нас зависи крајниот исход. Ќе ги повикам членовите и симпатизерите на ДОМ да го сторат истото, зашто сите ние споделуваме желба за позитивни промени во Македонија. Токму во тоа име и излеговме од власта, иако бевме соочени со беспризорни санкции и притисоци.

Во политиката е важен личниот пример. Мене не ми е првпат во име на принципи да се откажан од некоја функција. Се имам откажано од позициите заменик-министер, потпретседател на Собранието, од учество во актуелнава Влада, а еве сега од сигурно пратеничко место.Никогаш не сум жалела за моите потези и сега нема да зажалам. Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро.

 

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета