Прес конференции

ДОМ: Следни чекори во борбата против загадувањето од рудниците

press 19.09.2017

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на денешната прес конференција го изнесе предлогот на ДОМ за следни чекори во врска со рудниците за злато и бакар.

ДОМ смета дека по серијата референдуми против отворање рудници за злато и бакар во југоисточна Македонија, време е Владата да направи решителни чекори во борбата против загадувањето од рудниците.

Охрабрува поддршката што и ја даде премиерот Зоран Заев на делегацијата од Европските Зелени, предводена од претседателот Рајнхард Бутикофер, при нивната неодамнешна посета. На средбата беше изразена спремност за преиспитувањето на регуларноста на дадените концесии за рудниците, во интерес на здравјето на граѓаните.

Затоа му се обраќаме на Премиерот со писмено барање за одржување тематска седница на Владата на Република Македонија за рудничките концесии, пред одржување на локалните избори.

Повеќе...

ДОМ: СТОП за отворање нов рудник на смртта, Боров Дол, помеѓу Штип, Радовиш и Конче

Lile press

ДОМ ја информира јавноста дека се спрема отворање нов рудник на смртта, Боров Дол, помеѓу Штип, Радовиш и Конче. Тоа треба да биде уште еден површински коп за бакарна руда, која би се лужела со сулфурна киселина директно во отворен базен на планината.

Повеќе...

ДОМ бара ревизија на концесиите за рудниците Казандол и Иловица

 za kazandol 2

ДОМ е против отворање цела дузина рудници во Македонија - од Петрошница во Старо Нагоричане, преку Плавица во Пробиштип, па во Кочани, Струмица, Делчево, се до Казандол во Валандово. Тоа е неодговорно кон граѓаните и нивното здравје, зашто сите тие планирани рудници за злато, бакар и сребро се површински, со мало количество метал во земјата. Тие се „рудници на смртта“ - работат со цијанидни и сулфурни раствори во отворени базени по планините, загадувајќи се живо околу себе. Посебна трагедија е што целиот тој источен појас е одамна стратешки насочен кон земјоделие и туризам. А сега им се нуди опустошена природа, уништени полиња и животен век од 40 години. Тоа е недозволиво!

Повеќе...

ДОМ: Пакет закони во урбанизмот во првите 100 дена од новата влада

Maja pres 23.02.2017 konecna

Тргнувајќи од фактот дека 20% од загадувањето на воздухот со штетни ПМ10 честички доаѓа од градежништвото и од антиеколошката урбана експанзија, ДОМ инсистира на донесување на пакет закони и мерки во урбанизмот во првите 100 дена од новата влада, како што стои и во нашата предизборна програма:

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета