Колумни

Одлуката е во наши раце! - Колумна на Бојан Петровски, претседател на МОДОМ

Bojan Petrovski govornica

Дојдовме до момент кога треба да одлучиме -  дали да се поместиме од мртва точка или да продолжиме да живееме  во апатија, со илузии и со фиктивни надежи? Очигледно е дека во вакви околности, мојата генерација нема време за чекање. Изминаа  27 години од осамостојувањето на Република Македонија, што е  сосема доволно време за да се запрашаме: Што направивме, што постигнавме, до каде отидовме и каде сме? Секоја година чувсвувам како да се наоѓаме на крстосница, на која што подзастануваме и најчесто се запрашуваме: Каде бевме? Каде сакаме да бидеме? Каква е нашата иднината, иднината на младата генерација и каква сакаме таа да биде? Додека повеќето мои другари, пријатели, соседи и колеги секојдневно размислуваат да најдат излез од економската криза со заминување во белиот свет и ја реализираат истата, ние, можеби најупорните и најоптимистите останавме тука да се обидеме да ја вратиме надежта и да кажеме дека навистина ќе не биде,  дека навистина е дојден моментот кога се создава реална политичка основа да размислуваме дека ќе биде подобро. Одлуката е една, тука е пред сите нас.

Повеќе...

Развојот на туризмот може да биде столб на нашата економија – Љупчо Јаневски

ljupco janevski 8

Кога станува збор за туризмот, едно од најзначајните прашања што се наметнува е: како оваа стопанска дејност да стане главна, водечка гранка во економијата, што ќе придонесе за зголемување на вработеноста и за раст на економијата воопшто?

Повеќе...

Лоши математики

liljana slika

Јасно е како опозицијата го блокира Буџетот, видливи се потезите и механизмите што ги употребува во собраниските расправи, но не е јасна математиката со која влегува во ова. Толку многу инженери, а слаби математичари.

Повеќе...

Хамбург, европскиот Зелен главен град за 2011

Hamburg

Хамбург е еден од главните транспортни центри во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Но со комбинирање на својата индустриска сила и обврската да го намали своето влијание врз животната средина, вториот по големина град во Германија станува модел за големите метрополи ширум светот.

Повеќе...

Меѓународна мрежа на „Зелени градови“

ICLEI

 

 

 

 

ICLEI е меѓународно здружение на локалните власти, како и на националните и регионалните организации на локални власти кои се посветени на одржливиот развој. Во оваа асоцијација членуваат над 1220 локални влади од 70 различни земји и застапуваат повеќе од 569.885.000 луѓе. Мисијата на ICLEI е да изгради и да му служи на светско движење на локалните власти за да се постигне опипливо подобрувања во одржливоста на глобално ниво со посебен фокус на подобрување на условите во животната средина преку кумулативни локални акции.

Повеќе...

Македонија без нуклеарка!

LiljanaPopovska_1

 

 

 

 

 

Македонија е земја со неискористен воден потенцијал, многу големи и мини хидроцентрали чекаат да бидат изградени. Имаме исто така 250 до 300 сончеви денови годишно, со одличен агол, што е практично растурена енергија по нашите простори. да не зборуваме за биомасата расфрлана како отпад што не загадува, наместо да биде извор на обновлива енергија. заборавен е и ветерот и геотермалните води.

Повеќе...

Зелено во црно-белиот свет

DOM zname

Голема е дилемата како да постапиш кога некој јавно те плука, навредува и омаловажува само затоа што не мислиш стопроцентно исто како него или, да биде гревот поголем, што не реагираш исто. Што не си одбрал иста политичка страна, туку правиш свој избор, одиш по свој пат, избираш своја боја - зелена.
Зеленото како политичка опција праќа порака за толеранција и за почитување на различниот, со вечно актуелната порака на Волтер да се бориме за правото да го искаже својот став и оној со кој не се согласуваме. Во име на тој пристап, имајќи ја и одговорноста како претседателка на ДОМ, кон колегите и кон идејата, го пишувам одговорот на една неубава колумна.

Повеќе...

Зелената економија е реалност, а не фикција

Zhurnal_Toni_Ristov

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во Република Македонија, терминот „Зелена економија“  е сеуште непознат и за пошироката македонска јавност воопшто неразбирлив, а пак уште повеќе не се согледува нејзиното значење за економскиот развој на Македонија, која од своја страна и онака е сиромашна со природни ресурси и потребно е многу внимателно и одржливо управување.

Повеќе...

Лилјана Поповска: ЗЕЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА

lile seminar mavrovo

Во последниот извештај од Европската комисија значителен простор е посветен на делот за напредокот на Македонија на планот на животната средина. Всушност, најголем досега, што го потврдува ставот дека за првпат една Влада посветува толку внимание на оваа тема. Но, кога ќе се спомне екологија и животна средина, просечниот наш Македонец веднаш помислува на метли, ќеси, канти и на други орудија за чистење. Сликата се дополнува со мали групи составени претежно од жени, младинци и од комуналци во портокалови униформи, како активисти во локална акција. Ако, тоа не е лошо ни погрешно. И тоа е дел од грижата за животната средина. Но, постои и друга страна, многу малку позната кај нас. Екологијата е и економска приказна, која зборува за зелена енергија, за зелени работни места.

Повеќе...

Насер Хот: Време идно - Извештај на Министерството за туризам на РМ за 2017

DOM zname

Ова е футуристичка приказна, но тоа што дејствието се случува по десет години од оваа 2008, не значи дека не е можна. Токму спротивното – многупати до сега се докажало дека визијата за утрешнината е силен мотиватор на дејствувањето денес.Значи, дејствието се случува 2018 година. Место на случувањето: Министерство за туризам на Република Македонија. Ова е извештајот на Министерството за претходната, 2017 година:-          -Република Македонија ја посетиле 6.000.000 посетители;

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr