Hamburg

Хамбург е еден од главните транспортни центри во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Но со комбинирање на својата индустриска сила и обврската да го намали своето влијание врз животната средина, вториот по големина град во Германија станува модел за големите метрополи ширум светот.

Хамбург е вториот по големина град во Германија и осмиот по големина во Европската Унија. Хамбург, Европскиот Зелен главен град за 2011 е град кој си противречи со своите кривулести канали и големите јавни паркови од една страна, а друга сместен на пристаништето со својот раздвижен бизнис. 

Хамбург е еден од главните транспортни центри во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Но со комбинирање на својата индустриска сила и обврската да го намали своето влијание врз животната средина, вториот по големина град во Германија станува модел за големите метрополи ширум светот.

Тој веќе ги намали своите емисии на јаглерод за 15% од 1990 година, најмногу благодарение на својот ефикасен јавен транзитен систем, а си постави и цел на намалување на емисиите за 40% до 2020 година и 80% до 2050 година. 

Како Европски Зелен главен град за 2011, градот презеде голем број на иницијативи и програми. Хамбург може да се пофали со голем број на зелени површини. Повеќе од16% од урбаниот простор се состои од шуми, рекреативни и зелени површини. 

Хамбург игра значителна улога во заштитата и проширување на зелените површини. Парковите, детските игралишта, спортските терени, градините и гробиштата се меѓусебно поврзани со поголеми и помали области на зелени површини што ја формираат хамбуршката зелена мрежа. Без разлика дали со велосипед или пеш, зелената мрежа на Хамбург промовира непречено еко-пријателско патување низ градот.

За растечки град како Хамбург неопходно е да се одржат природните заштитени области, како природно живеалиште за дивите растенија и животни, но и да се создадат места за одмор, рекреација и авантура за населението на градот. Хамбург затоа пред себе си постави за цел да дизајнира и да ги подобри бројните заштитени подрачја во неколку различни категории преку таканречената урбана конзервација:

  1. Области за пејзажна конзервација кои ќе служат за да се зачуваат и заштитат и да им се врати пејсажот на особено значајни регионални и културно области. Во моментов околу 22 % од земјиштето во Хамбург е област назначена за пејзажна конзервација.

  2. Природни резервати за заштита на загрозените или ретките живеалишта на животински и растителни видови се подложени на построга заштита од страна на Хамбург.Природни резервати сега зафаќаат околу 8 % од градот, што го прави лидер на во рамките на Германија.

  3. Хамбург е еден од ретките градови со свој национален парк. Градот е моментално вложува напори чувствителниот екосистеми на Ваден Зи Националниот парк да биде признат како Светско наследство на УНЕСКО.

Најновиот прилог во насока на уште позелен Хамбург е предвидената Меѓународна градинарска изложба во 2013, која ќе се одржи на 100 хектари парк создаден во центарот на островот Вилхелмсбург на реката Елба.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr