Загрижувачка и повеќе од алармантна е сосотојбата со водосотојот на езерата и реките во нашата држава. Сведоци сме на интензивното намалување на водата во Преспанското Езеро, кое практично исчезнува пред нашите очи, а не помалку видливо е и намалувањето на водостојот на Охридското и Дебарското Езеро. Покрај економската експлоатација на водите од нашите природни капацитети, дополнително за неповолната состојба со водостојот имаат климатскте промени чие влијание во континуитет предизвикува неповратни промени врз животната средина и биодиверзитетот.

90707500 10219771899079209 6523136590464679936 o

Како зелена партија, ДОМ во својата програма и агенда преку начелата за праведна енергетска транзиција и адаптација на климатските промени укажува од неопходноста за заштитата на нашите природни ресурси, меѓу кои е и водата и водните капацитети.

Во услови на зачестени и продолжени сушни периоди кои несомнено се резултат на климатските промени, се повеќе до израз доаѓа неопходноста од примена на алтернативните енергетски методи и постепено напуштање на досегашниот енергетски модел, за што ДОМ во континуитет укажува и предупредува.

Актуелните случувања со драматичното намалување на водостојот во нашите хидро системи и зголемениот ризик од предизвикување трајни последици врз флората и фауната, несомнено влиjаеше врз одлуката на Владата на РСМ за запирање на турбините на хидроцентралите со цел да се надмине намалувањето на водата во реките и езерата. Недостатокот на електричната енергија кој во овие услови секако ќе се појави, ќе мора да се надокнади со увезување и купување на овој енергенс од странство, што може да предизвика дополнително зголемување на цената на елкетричната енергија.

Со праведната енергетска транзиција преку искористувањето и застапеностa на обновливите извори на енергија од сонцето и ветерот се постигнуваат повеќе позитивни ефекти. Намалување или ограничување на прекумерната експлоатација на природните капацитети, заштеда на енергетските извори и заштитата на живиот свет се дел од придобивките на енергетската транзиција. Паралено со заштедата на енергијата и енергетските ресурси, би следела и еконосмка трансформација од досегашниот линеарен модел во регеренативен односно циркуларен економски модел.

Како дел од енергетската транзиција, во својата програма ДОМ предлага мерки и постапки за заштеда на природните ресурси.

Изградба на соларни и ветерни електрани, поставување на сончеви колектори за производство на електрична енергија и обезбедување топла вода преку учество на минимум 40% од обновливите извори на енергија од сонцето и ветерот до 2040-та година ќе допринесе за унапредување на општата состојба со снабдувањето на електричната енергија.

Со рецеклирањето на водата во општините и во домаќинствата, собирање на дождовницата за техничка употреба, рехабилитација и реконструкција на постоечката инфраструктура за производство на електрична енергија од вода и водостопанската инфраструктура, дополнително ќе овозможи подобрување на водните капацитети.

Горенаведените решенија кои ги предлага ДОМ се дел од постепената и праведна енергетска транзиција со што би се надминала актуелната состојба со хидроцентралите не само од аспект на заштеда и заштита на природните ресурси и животната средина туку и од економско-социјален аспект преку влијание врз цената на чинење на искористената електрична енергија која сега ја плаќаме.

М-р Елисавета Марковиќ

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl